Триглав Осигурување Живот ад Скопје е акционерско друштво основано на ден 25.08.2017 година од страна на еден доминантен странски акционер, Заваровалница Триглав од Љубљана и еден малцински домашен акционер, Триглав Осигурување ад Скопје. Како најмладо друштво за осигурување на живот на македонскиот осигурителен пазар за релативно краток период се позиционираше високо во изборот на македонските граѓани, нудејќи врвна услуга и корисничко искуство типично за една од најголемите осигурителни групации во југо-источна Европа, Заваровалница Триглав. Покрај основно осигурување на живот кое е доминантен производ во портфолиото, како и ризико животно осигурување, Друштвото нуди и производи поврзани со вложување во инвестициски фондови како и колективно осигурување на вработени. Кон основните достапни се низа дополнителни осигурувања кои нудат покритија од тешко болни состојби и незгода.