Секретаријатот за европски прашања (СЕП) е стручна служба на Владата чија цел е целосна интеграција на Северна Македонија во Европската Унија.
Нашата мисија е подготовка на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија а тоа ќе го обезбедиме преку:
- Доследно спроведување на политиките на Владата, во насока на целосна реализација на стратешката определба за полноправно членство во Европската Унија
- Целосна подготвеност за отпочнување и завршување на преговорите
- Зголемена ефикасност за користење на средствата од ИПА
- Отвореност кон граѓаните и вклученост на сите засегнати страни во процесот на преговори.
Нашата визија е македонското општество да биде интегрирано во ЕУ, со европски демократски вредности на почитување на човековите права и слобода на изразување.