ВФП ПЛУС КОНСАЛТИНГ е дел од Австриската Групација WVP GROUP чија основна цел е финансиско советување. WVP GROUP почнува со работа во 1985 година и како пионер во своето работење многу брзо со својата лепеза на финансиски продукти успева не само да се позиционира на Австрискиот пазар, туку своите услуги да ги понуди и интернационално проширувајќи се во над 15 земји главно во југо-источна Европа. Во Република С. Македонија компанијата е присутна од 2005 година преку Осигурително брокерското Друштво ВФП АД Скопје.
Во овој сегмент компанијата скоро две децении го гради својот бренд и се позиционира како лидер на пазарот во посредувањето во делот на осигурувањето (како живот така и неживот). Во конкуренција од над 40 брокериски друштва колку работат во земјата го држи приматот и лидерската позиција со години по бруто полисирана премија. Втората фирма на македонскиот пазар доаѓа во 2015 година кога е формирано Друштвото за управување со онвестициски фондови ВФП Фонд
Манеџмент АД Скопје.
Со повеќе од 8 години искуство, ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје е лидер на пазарот во својот сегмент на работење со над 40% пазарно учество.
2019 година лепезета за финансиски услуги се заокружува со формирање на третата компанија ВФП ПЛУС КОНСАЛТИНГ Доо Скопје чија цел е пристап до финансии. За неполни три години компанијата се позиционира како лидер во овој сегмент на работењето. Развојот не застанува тука, 2022 компанијата ја отвора својата 4-та компанија на македонскиот пазар ВФП ПЕНЗИСКО Друштво АД Скопје.
Основната девиза на групацијата e:
“ЗА КЛИЕНТОТ СЕКОГАШ ГО БИРАМЕ НАЈДОБРОТО”.