Во 2007 година, компанијата „Сава Ре“ од Љубљана го откупи мнозинскиот пакет акции, а во ноември истата година се преименува во АД за осигурување „Сава Табак“. Во ноември 2011 година компанијата го заврши процесот на ребрендирање и стана „Сава осигурување“ а.д. Скопје, со што се унифицира со останатите членки на групацијата „Сава Ре“.
Поддршката од моќна и стабилна групација го зајакнува чувството на сигурност, но исто толку е силна одговорноста да се биде дел од такво квалитетно друштво. Како дел од групацијата „Сава Ре“ добиваме одлична реосигурителна поддршка, пристап до нови осигурителни продукти и трендови, сигурност, искуство и перспектива за воведување разни новини.
Благодарение на стабилноста, брзите и коректни исплати на штети, развиената продажна мрежа, како и постојаните иновации во работата, станавме препознатливи како сериозен и стабилен партнер на осигурениците и деловните соработници. Важна улога игра создавањето на корпоративна култура базирана на транспарентност и тимска работа, а која низ годините стана една од препознатливите карактеристики на нашето Друштво.
„САВА осигурување“ а.д. Скопје извршува работи од дејноста на неживотно осигурување, со што обезбедува сигурност за клиентите, економска заштита на имотот, возилата и лицата од ризици и гарантира добро работење со капиталот.