Единствената формула за успех во трговијата Рамстор ја постигнува со развивање на мототo “Купувачот е секогаш во право”.
Ние постоиме тука за него – не тој за нас. Купувачот е крајниот консумент и алка на целата “операција ” наречена трговија. Секогаш достапни за нашите купувачи 365 дена во годината.
Рамстор, кој во Македонија започна со работа во 2005 година е дел од Мигрос Тиџарет А.Ш, најголемиот ланец на маркети во областа на меѓународните маркети за малопродажба.
Како резултат на успешната работа и квалитетната услуга во малопродажниот сектор на Македонија во последните 10 години, а во насока на својата мисија и визија денес Рамстор ги нуди своите услуги во 6 различни градови низ Македонија со вкупно 24 маркети.
Сето ова укажува на долгорочните сериозни планови на Рамстор во согласнст со растот во Македонија кој се уште трае. Денес во Македонија имаме вкупно 660 вработени и новите инвестиции со себе ќе донесат и нови вработувања.
Лојалноста на муштериите за нас е значајна тема и во голем дел од прометот на Рамстор се користи Рамстор клуб картичка.
Преку услугата Контакт центарот ( 0800 800 70 ) на Рамстор купувачите можат да добијат одговори на сите прашања во врска со работењето на Рамстор, да ги пренесат своите пофалби и поплаки и да даваат предлози за работењето на Рамстор маркетите и на Трговскиот центар.
Започнувајќи од 1 јуни 2015 година Рамстор започна со производство на месо во свои објекти и на тој начин самиот ја врши контролата на квалитетот на месото. Веднаш по ова се започна со примена на продажбата на месо во ново пакување. Од 1 ноември 2015 годна започнавме со продажба на месо во ново пакување.
Пакуваното месо и месните производи пакувани во заштитена атмосфера се подготвени согласно сите барања за производство на храна (HACCP).