PAPILLON е производство на модна свечена и деловна облека со големо реноме на Македонскиот пазар.
Уште од самиот почеток, идејата и целта беше да се истакне шармот и елеганцијата на жената на нашите простори. Со посветеност и упорност светските модни трендови ги донесовме и прилагодивме на македонскиот пазар.
Во нашето Модно студио, внимателно одбраните материјали, низ вештите раце на тимот професионалци, се обликуваат во модерни коктел и вечерни тоалети, обележани со наш својствен белег, што ги прави препознатливи и уникатни.
Особено внимание се посветува на изработката на уникатни венчаници и модели по желба на клиентите, при што со професионални совети и сугестии се исполнуваат сите идеи и фантазии.
Нашата производствена понуда вклучува и изработка на деловни костими и униформи, со избор на боја, материјал и модел по желба на клиентите. Горди сме што истите со задоволство ги носат вработените во неколку детски градинки, болници и високо образовни институции.
Најголемо задоволство е сознанието дека сме дел од најважните и најсреќни мигови од животот на припадничките на понежниот пол,